Пејачот Џеј Рамадановски е тажен поради поплавите кои и се случија на Србија…Тој се неговата екипа, максимално се ангажирале да им помогнат на загрозените луѓе, па дури и примил две семејства од Обреновац. Додека разговарал со новинарите се расплакал и едвај зборувал.
„Душата ме боли. Не можам да зборувам од плач и нервоза. Пејам 30 години и не ми треба реклама, сакам да им помогнам на луѓето. Две фамилии од Обреновац ги примив кај себе. Со моите ортаци и роднини купивме душеци, перници, ќебиња и сето тоа го поставив во клубот кој го имам во Белград. Се прави грав, грашак, се што е потребно. Исто како во војната. Таква е ситуацијата. Сакам на сите да им помогнам и ги поканувам сите да дојдат кај мене“- изјавил Џеј.
Пејачот исто така изјавил дека кога ќе помине оваа ситуација, ќе организира хуманитарен концерт по сите градови на Србија и сиот приход ќе им го даде на оштетените од поплавите.
„Ќе пејам додека ме служи гласот, само луѓето да добијат што им треба. Ќе ги поканам сите колеги да работиме заедно, а оние кои нема да сакаат, ќе им ја расплачам мајката“ – изјавил вознемирениот Џеј.Тој се неговата екипа, максимално се ангажирале да им помогнат на загрозените луѓе, па дури и примил две семејства од Обреновац. Додека разговарал



