Соседите и вработените на Џоли и Пит велат дека во славното семејство владее општ хаос. Децата прават што сакаат, а за тоа време актерката вреска во када.„Не се знае кој е полош. Сите постојано се тепаат, се маваат со храна, викаат наутро и среде ноќ, а збунетите родители како да не се трудат да ги дисциплинираат“, раскажуваат соседите.
Анџелина и Бред и самите велат дека децата ја водат куќата. Тоа нивната чистачка ја довело до работ на нервен слом.
„Нивната хигиеничарка е на крајот со трпението. Работи од утро до мрак и никогаш не видела понеуредни деца. Собите се полни со расипана храна, валкана облека и мртви инсекти. Ниту едно од децата не си ја чисти собата, а и родителите мислат дека тоа е под чест за нив“, открива поранешната дадилка.
Анџелина и Бред поради размазените деца се непожелни гости во 12 луксузни хотели ширум светот. Од секаде биле исфрлени затоа што малечките го уништувале мебелот.
Единствено малку посовесен е Бред. Тој наутро подготвува појадок, додека Анџелина, која едвај знае да подготви јајце, вежба, ги носи децата во музеј и им подготвува тематски забави. Бред пак замокот во Франција го претворил во бункер за зомби кои децата го обожаваат.
„Анџелина е најслаба алка во семејството. Кога и да се појави проблем, таа само исчезнува и оди на терапија со врескање. Ја полни кадата, седнува во вода и урла од петни жили – вели дадилката која уште открива дека во нивниот дом се зборува исклучиво на француски.„Не се знае кој е полош. Сите постојано се тепаат, се маваат со храна, викаат наутро и среде ноќ, а збунетите родители како да не се трудат д



