Австриската претставничка руши евровизиски рекорди

Австриската претставничка на Евросонг, Кончита Вурст, е постојано во центарот на вниманието во европските медиуми откако беше одбрана да ја претставува својата земја во Копенхаген. 
По контроверзниот избор, телевизиските куќи во Русија, Белорусија и Ерменија најавија цензура на нејзиниот настап како и целокупната промоција. Доколку овие земји се решат на ваков чекор, им се заканува дисквалификација и тригодишна забрана за учество на Евровизија, бидејќи според правилата на ЕБУ настанот до секунда мора да се пренесе без никаква цензура која би влијаела на гласовите.

 
Од друга страна пак, видеото за песната на Кончита урива рекорди во гледаност на Јутјуб. За околу 40тина дена по објавувањето, спотот за „Rise Like A Phoenix“ е погледнат преку 2 милиони пати.

Кончита Вурст е родена како Томас Нувит. Завршила висока школа за мода во Грац, Австрија, а својата музичка кариера ја започнала во 2006 година. И покрај негативните коментари од страна на некои лица, Кончита важи за еден од фаворитите за победа на Евровизија 2014 во Копенхаген. Австрија се натпреварува во истата полуфинална вечер со Македонија и нашата Тијана на 8ми Мај. Слушнете ја нејзината песна за Евровизија „Rise Like A Phoenix“.
 

  
По контроверзниот избор, телевизиските куќи во Русија, Белорусија и Ерменија најавија цензура на нејзиниот настап ка

Пронајдете не на следниве мрежи: