Последното шоу на Монти Пајтон ќе се пренесува во живо во кино салите низ светот

Пред да престане да постои, славната група британски комичари своето последно шоу ќе го пренесе на сите фанови низ светот. 
Тоа ќе биде последното што ќе го видиме од Монти Пајтон, пред да престанат да постојат, пред да спуштат завеси, пред да се ничкосаат (фала Богу, метафорично).
За среќа на фановите ширум светот, нивното последно шоу ќе биде пренесувано во живо во 450 кино сали во Британија, како и во уште други 1 500 низ светот. Овој пренос на последното обединување на Џон Клис, Еди Ајдл, Тери Гилиам, Тери Џоунс и Мајкл Палин ќе го овозможи „Picturehouse Entertainment“.

 
Славната комичарска група ќе започне низа од 10 претстави во О2 арената во Лондон на 20 Јули оваа година. По веста за нивното повторно обединување, билетите за настанот веќе се распродадоа, па затао беа додедени уште девет претстави во програмата покрај онаа што требаше да е главна претстава на 20 Јули.
Монти Пајтон последен пат настапувале во живо во 80тите години на Супер Боулот во Лос Анџелес, додека нивниот последен настап во Британија се случил пред речиси 40 години.
  
Тоа ќе биде последното што ќе го видиме од Монти Пајтон, пред да престанат да постојат, пред да спуштат завеси, пред

Пронајдете не на следниве мрежи: