Копенхаген, а воедно и цела Европа се подготвува за најгледаното европско телевизиско шоу, Избор за песна на Евровизија, кое ќе се одржи на 6ти, 8ми и 10ти Мај. Минатата година Емели де Форест и ја донесе третата победа на Данска на Евровизија со песната „Only Teardrops“.
Вчера во Копенхаген пристигнаа сите изведувачи од 37те земји учеснички на овогодинешниот Евросонг, а од денес почнуваат техничките и генералните проби за двете полуфинални и финалната вечер кои ќе се случуваат наредната недела.
Денес на евровизиската сцена за прв пат ке стапнат претставниците на земјите во првата половина на првата полуфинална вечер: Ерменија, Летонија, Естонија, Шведска, Исланд, Албанија, Русија и Азербејџан. На пробите може да присуствуваат фанови кои имаат влезници за истите, како и акредитираните новинари.
Нашата претставничка, Тијана Дапчевиќ, својата прва евровизиска проба ќе ја има во Четврток, како учесник во втората половина на втората полуфинална вечер, каде ќе се бори да ја внесе Македонија во големото евровизиско финале на 10ти Мај.
Данците оваа година за евросонг решија една од халита каде се граделе бродови во индустрискиот дел на Копенхаген да ја претвори во концертна сала за овогодинешниот евросонг. Во видеово можете да погледнете како изгледа сцената на која ќе пејат изведувачите во двете полуфинални и финалната вечер.
Евровизија се одржува по 59ти пат, а по трет пат во Копенхаген. Учество ќе земат 37 земји кои ќе се борат за победата и правото да домаќинствуваат со јубилејното 60то издание на Евровизија наредната година. За сега, како најголеми фаворити за победата се споменуваат Шведска, Велика Британија, Ерменија и Унгарија.
Интересен е и фактот што овогодинешниот евросонг е можеби јазично најсиромашниот Евросонг во историјата, бидејќи од 37 учесници, само 8 песни не се комплетно на Англиски јазик, а од овие 8 само Италија, Португалија и Црна Гора немаат ниту еден збор на Англиски во своите песни. Исто така вреди да се спомене и масовното откажување на многу балкански земји, најчесто од финансиски причини. Тоа се Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Кипар, додека Турција реши да го бојкотира Евросонг и да создаде сопствен натпревар наречен Турковизија.
Вчера во Копенхаген пристигнаа сите изведувачи од 37те земји учеснички на овогодинешниот Евросонг, а од денес почнув



