Еве кој се ќе настапи заедно со Тијана во втората полу-финална вечер на Евровизија во Копенхаген.Тијана веќе одамна ја најави нејзината сестра Тамара како придружен вокал за сцената во Копенхаген. Покрај тамара, на Тијана исто така вокално ќе и помогнат и Димитар Андоновски и Никола Перевски – Пере, вокалистот на бендот Нокаут.
На сцената Тијана ќе ја придружува само еден танчер, Дејан Коларов, главниот танчер во Белградскиот театар. Дејан исто така ќе го кореографира целиот сценски настап на Тијана.
Како стилист на Тијана ангажирана е Ивана Рабреновиќ, онаа која го стилизираше изгледот на Марија Шерифовиќ во 2007 година, кога во Хелсинки Србија настапи и победи прв пат како независна држава.
Ивана вели дека како амајлија за среќа ќе и го даде црвениот медалјон во форма на срце кој веќе им донесе среќа на Марија Шерифовиќ и на мега-популарниот Даниел Кајмакоски, кој го носеше истиот медалјон вечерта кога победи на X Фактор Адриа.
Тијана ќе настапи 11та по ред во втората полу-финална евровизиска вечер на 8ми Мај во Копенхаген Данска и ќе се бори Македонија да биде една од 10те земји кои ќе влезат во големото финале на 10ти Мај.Тијана веќе одамна ја најави нејзината сестра Тамара како придружен вокал за сцената во Копенхаген. Покрај тамара, на Тијана исто така вокално ќе и