Што напиша Кристина Ковач по победата на Даниел Кајмакоски?!

Една од судијките на Х Фактор, Кристина Ковач уште на првиот настап на Даниел Кајмакоски рече дека тој е потенцијален победник на целото шоу. Сега на самиот крај таа ги сумираше своите впечатоци на својата Фејсбук страна. Кристина напиша:Сума сумарум – многу сум среќна што правдата е задоволена со победата на Даниел Кајмакоски, се друго ќе беше рамно на скандал… Човекот е се она што еден светски пејач треба да биде – енергичен, посветен, харизматичен, одмерен, пејачки прецизен, а пак со многу емоција и можеби најважното – слободен на сцената и полн со љубов кон музиката и песната која ја пее. Прекрасно момче со кое се надевам дека ќе имам прилика да соработувам во блиска иднина.
Што се однесува до моите сакани и прекрасни Доктори… многу сум тажна што не завршија во финалните тројца. Сигурна сум дека тоа го заслужија и бев убедена дека гласовите на нивните фанови ќе ги донесат до таму. Просто не можам да поверувам дека не стигнаа…
Она на што денеска, откако го гледав нивниот настап на Јутјуб, морам да се обрнам внимание е следното: без желба нешто да оправдувам и бранам, е фактот дека цел еден дел од нивниот настап беше во сериозен и тежок фалш, и тоа е неоспорно. Тоа го знаат и тие и јас. Од друга страна пак, со должно почитување на тонските мајстори, проблемите со слушањето на мониторите кои Доктори го имаа низ целиот натпревар, како и микрофонот на Армин кој упорно од лајв во лајв прекинува и кој техничката поддршка не успеа да го среди во девет лајва се секако причина поради која овие деца имаа сериозни проблеми со интонацијата (во така големи простори секој проблем од оваа природа е мултиплициран)…
Продолжува на следната страна…

 
Јас со овие деца работам со месеци, им ги знам доблестите и мааните, можностите и потенцијалите, и ова што го слушнавме на финалето не е варијантата Доктори = лоши пејачи… тоа што го слушнавме беше класична ситуација кај што пејачот пати поради техниката. А тие се петорица, не заборавете, и често пеат сите во исто време. Не е како да си сам. Ете така.
Работата со Доктори беше големо уживање, секогаш е прекрасно кога композиторот и музичарот од карши себе има талентирани, млади, духовити, а Бога ми и згодни момчиња
Ми беше НЕИЗМЕРНО ЗАДОВОЛСТВО, им го пружив апсолутниот максимум како ментор – своето време, своето знаење, својата приврзаност и лојалност, целата своја љубов, моменти на смеење, па и урлање… се нешто.
Момчиња беше експлозија. Ви благодарам.
Вашата менторка К.Сума сумарум – многу сум среќна што правдата е задоволена со победата на Даниел Кајмакоски, се друго ќе беше рамно на скандал… Човекот

Пронајдете не на следниве мрежи: