Ве потсетуваат ли на Том и Џери? постојано се расправаат и не се согласуваат, а на крајот сепак се бараат еден со друг.Иако неколку пати се скара со членовите на жирито на X фактор, а посебно со Жељко Јоксимовиќ, сепак Кристина Ковач призна дека колегите ќе и недостасуваат кога ќе заврши шоуто.
– За мене сите препирања во жирито се некако слатки. Неодамна му реков на Жељко во нашиот апартман дека кога се ова ќе се заврши ќе ми недостасуваат нашите несогласувања. Станав зависна од нашата бурна размена на мислења секој вторник, па се надевам дека ќе има и втора сезона, вели Кристина.
Кристина уште тврди дека Емина нема да го загрози пласманот на нејзината група „Доктори“.
– Не мислам дека медиумската војна може да ја загрози нивната позиција. Мене би ми било жал ако било кој од натпреварувачите биде на било каков начин вовлечен во полемиката меѓу менторите, вели Кристина Ковач.Иако неколку пати се скара со членовите на жирито на X фактор, а посебно со Жељко Јоксимовиќ, сепак Кристина Ковач призна дека колегите ќе и недост



