НЕГОВАТА СОПРУГА ЈА ПРЕГАЗИ НЕСОВЕСЕН ВОЗАЧ: Ми почина на рацете, а тој ладно рече…

Босанската полиција синоќа го уапси Армин М. (26) од Сараево поради сомнение дека истиот ден на пешачки премин ја прегази Фикрета С. (53) од Вишеград, а која живеела во Сараево.Армин управувал со BMW X5 и при неприлагодената брзина удрил во импровизираната метална количка која пред себе ја буткала Фикрета. Количката од силата на ударот се одбила и несреќната жена паднала на асфалтот и починала на лице место.
Возачот не бил под дејство на алкохол или било какви опијати.
Сопругот на Фикрета за новинарите на „Дневни аваз“ потврди дека сведочел на несреќата и дека сопругата му починала на раце.
„Душман ми ја уби сопругата! Ја повикав малку пред несреќата и ми рече дека ќе оди да собира листови пред една продавница. Набрзо ја здогледав како бутка количка на тротоар. И тогаш помина возилото… Одеше можеби 120 километри на час, ми се причини како да поминува авион од брзината. Таа одлета во воздух. Летаа и листовите што ги собираше пред тоа. Ѝ пријдов, ја бакнував, гушкав… Само зеде здив, се закашла и готово…“ – плачејќи опишал Адем.

Според неговите зборови, не треба да му се прости на возачот.
„Ги остави децата без мајка. Господ ќе му врати… Треба да се обеси. Нозете ѝ беа скршени под колената, рацете исто така, вилицата изместена, а главата пукната. Ја разнесе. Бев избезумен, а други луѓе ми рекоа дека тој излезе од возилото и почна пешки да се движи 50 или 60 метри и дека се вртеше во круг, како да сакаше да избега. Излегоа луѓето од продавницата и го задржаа кај возилото. Дојде полицијата и праша кој е убиецот. Кога сите го посочија него, тој ладнокрвно рече: `Јас ја убив`. Не покажуваше емоции“ – тврди Адем.
Полицијата го уапси возачот, а деновиве ќе се организира и погреб на кој семесјтвото и пријателите за последен пат ќе се простат со Фикрета.Армин управувал со BMW X5 и при неприлагодената брзина удрил во импровизираната метална количка која пред себе ја буткала Фикрета. Количката од сил

Пронајдете не на следниве мрежи: