ПРОВОКАЦИЈА: Околу 500.000 Македонци ќе може да станат Бугари?!

Директорот на Националниот музеј во Софија Божидар Димитров, деновиве покрена кампања сите Македонци да се прогласат за Бугари, бидејќи како што вели тој – тоа и сме.Тој секоја сабота на еден канал на бугарската телевизија води емисија за историјата, претставувајќи се како чувар на бугарското богатство. Моментално се залага за промена на законот кој на Македонците со бугарско потекло само врз основа на усмена изјава на бугарски јазик ќе им се овозможи да добијат бугарско државјанство. Писмен доказ не би бил воопшто потребен, пренесува „Курир.рс“.
„Тринаесет векови, сѐ до 1944 гоидна во Македонија живееле Бугари. Еден ден некој им рекол дека тие се Македонци, а не Бугари. Дека немаат никаква поврзаност со Бугарија, дека ќе им биде конструирана држава, напишана историја и тоа е направено. Потоа, во новото време одеднаш настанаа проблеми со идентитетот. Околу 500.000 Македонци така би можеле да станат Бугари, а истовремено и граѓани на ЕУ“ – се надева Димитров.
Тоа би била четвртина од вкупното население на Македонија.
„Ако добро се организираме, за што не е потребен само закон, туку и политичка волја, многу брзо би можеле индивидуално да ја внесеме Македонија во ЕУ. Така ќе ги решиме нашите демографски проблеми. Македонците тоа го сакаат. Сите на чело со премиерот сакаат бугарски пасош“ – изјави тој.

„Македонија без Македонци. И поранешниот македонски премиер Љубчо Геогриевски има бугарски пасош. Две третини од граѓаните на Македонија имаат двојно државјанство – што за нив значи и слободно движење. И македонските камиони по странските земји најчесто возат со бугарски таблици“ – додава Димитров.
Димитров уште истакнува и дека македонскиот аналитичар Ким Мехмети за македонско-бугарските односи вели дека: „Тоа се два народи. Но, никаде историјата на два народи не е така испреплетена каков што е случајот со Македонија и Бугарија. Така ќе најдете исти споменици во различни главни градови – Скопје и Софија“.
„Македонија е класична иселеничка земја. Можност за да се добие бугарски пасош дополнително ќе го поттикне тоа иселување.“
Случаен минувач во Скопје на кој Димитров се повикува рекол: „Нашите гастербајтери веќе не се враќаат од странство. Наскоро во Македонија веќе нема да има Македонци.“Тој секоја сабота на еден канал на бугарската телевизија води емисија за историјата, претставувајќи се како чувар на бугарското богатство. Моментал

Пронајдете не на следниве мрежи: