ИСЧЕЗНАТА МАЈКА НА 2 ДЕЦА ПРОНАЈДЕНА МРТВА: Во последната порака, на сопругот му напишала…

Телото на Сања Грујиќ Благојевиќ (42) од Борча (Србија), која исчезна пред повеќе од месец дена, пронајдено е во вторникот околу 12 часот на левиот брег на Дунав.Сања, инаку мајка на две деца, исчезна на 4 јануари годинава, откако семјеството за последен пат слушна за неа кога тргнала на работа. Нејзината чанта била пронајдена од случајни минувачи. Во чантата се наоѓале документи и проштално писмо.
„До денес се надевавме дека е жива, иако сѐ укажуваше на тоа дека си го одзема животот. Не можевме да се помириме со тоа дека е исчезната. За жал, се случи најлошото. На сите нѝ е тешко. Ужасно е ова низ што поминуваме“ – изјавил нејзиниот сопруг Стеван.
Сања тој ден тргнала на работа. Нејзиниот син наведе дека сѐ било вообичаено. Изгледала нормално, не била нерасположена, тажна, ниту пак вознемирена.

Последната порака му ја пратила на сопругот преку Фејсбук.
Во пораката напишала: „Те сакам.“
И го исклучила интернетот на мобилниот телефон.
Сања била активна на социјалните мрежи. Последните два месеци работела во една цвеќарница, а според приказните на пријателите, сакала да танцува.
Дента кога исчезнала, на Твитер напишала порака: „Животот е сѐ или ништо! Кој како го доживува.“Сања, инаку мајка на две деца, исчезна на 4 јануари годинава, откако семјеството за последен пат слушна за неа кога тргнала на работа. Нејзината ча

Пронајдете не на следниве мрежи: