среда, 25 ноември 2026
Најново

X – Factor: Погледнете како 13 – годишната Илма ја пее „Во Стамбол на Босфор“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Тринаесет годишната Илма Карахмет од Сараево, со своето пеење вчеравечер предизвика солзи во очите кај публиката и судиите во првата епизода на балканската верзија на шоуто „Икс фактор“.Жирито во состав од Емина Јаховиќ, Жељко Јоксимовиќ, Кристина Ковач и Кики Лесендриќ станаа на нозе за време на изведбата на малата Илма, а Јоксимовиќ дојде пред неа и се поклони и ја бакна раката во знак на почит.
Публиката почна да скандира „Сакаме уште“ и аплаудираше неколку минути. „Ѕвездата е родена“ извикаа членовите на жирито.
– Ова не е „Икс фактор“ ова е сто пати „Икс фактор“. Со 13 години ова е најдоброто нешто што сум го чул во животот – изјавил Јоксимовиќ и додаде „Ова е чудо“
Илма го сврте вниманието кон себе на целиот свет…Слушнете како ова 13 годишно девојче пее севдалинка „U Stambolu na Bosforu “:

Жирито во состав од Емина Јаховиќ, Жељко Јоксимовиќ, Кристина Ковач и Кики Лесендриќ станаа на нозе за време на изведб

Поврзани вести