Се зголемува бројот на луѓе кои своите брчки на гениталиите сакаат да ги „испеглаат“, како дел од новиот тренд во Холивуд.
Симнувањето на брчки од тестисите, постапка која Џорџ Клуни ја измисли за да ги исмее ѕвездите кои праат фејслифтинг, стана вистински хит во Холивуд.
– Никогаш не сум ги средувал очите, но трошам пари на чистење на брчките од тестисите. Не ми се допаѓаа брчките. Станува збор за нова техника, многу луѓе во Холивуд го прават тоа – , изјави неодамна Џорџ Клуни и ги остави сите во чудење.
Меѓутоа, тоа беше само една од низата негови шеги со кои се шегуваше на сметка на естетската хирургија. Сепак, постапката која духовитиот актер ја измисли, одненадеж стана вистински хит во Холивуд.
Kозметичарката Џејми Шерил ја додала таа услуга во својата понуда. Станува збор за ласерски третмани со кои се отстрануваат влакната, се бришат брчките и се исправува дисколорацијата на тестисите. Таа рече дека нејзините машки клиенти сакаат да “ги задржат своите тестиси” и дека постапката е чисто од естетски причини.
А заинтересираните за оваа постапка ги има толку многу што распоредот е пренатрупан, вели Џејми.
Повеќе на: ТЗМ.МК



