Фото: Швеѓанките што го освоија светот со неверојатно добрите песни!

“I don't care, I love it!”. Колку пати ја запејавте оваа хит песна летово? Знаете ли кој стои зад текстот? Еве ја приказната за Icona Pop!Дуото Icona Pop од Стокхолм брзо завладеа на музичките топ листи, благодарение на хитот “I Love It'. Каролин Хјелт и Аино Јаво се запознале на забава и оттогаш станале неразделни – велат дека тоа било “пријателство на прв поглед”!
Девојките веќе после првиот ден од излегување почнале да ја пишуваат првата песна, а три години подоцна станале светска сензација.
“Веднаш кога започнавме да работиме заедно, знаев дека тоа е вистинската работа. Буквално летаа искри. Благодарение на Каролин, конечно создадов песна каква што сакав отсекогаш”, рекла Аино, пишува тинејџерското списание ОК! После првиот сингл “Manners”, кој добил комплименти и од Rolling Stone, клубовите во Њујорк биле освоени од три збора – “I Love It!

“Сакавме да направиме некоја комбинација помеѓу темнината и среќата, не сакавме песни што ќе се вклопат во веќе постоечките хитови”, изјавила Каролина.
Девојките денес се препознатливи по името “Icona Pop”, се преселиле во Америка и живеат на релација Лос Анџелес – Њујорк. Нивниот хит се појавил на многу телевизиски серии, реклами… а потоа го направиле и синглот “Girlfriend”, кој исто така успешно ја освоил публиката.
По настапите на многу светски фестивали, девојките го подготвуваат и новиот сингл “All Night”.
napauza.mkДуото Icona Pop од Стокхолм брзо завладеа на музичките топ листи, благодарение на хитот “I Love It'. Каролин Хјелт и А

Пронајдете не на следниве мрежи: