Боки 13 реши да се преобрази во женско пред очите на целата јавност

Познатиот македонски шоумен Боки 13 реши да го промени својот пол и да се преобрази во женско. 
Тој е моментлано во изолација поради подготовките за реализација на „Мистик проект“ кој го опфаќа и реалното шоу каде Боки ќе го промени полот пред камерите. 
Како што пишува српски Курир  Боки 13 на големо се поготвува пред камерите да се подложи на операција на промена на полот, што ќе биде реализиран токму во рамките на овој проект, кој ќе биде составен од низа различни содржини и ќе се одвива повеќе години.
„Боки осмисли да направи нешто големо, после што ќе почнат да паѓаат маските и што ќе ги сруши сите табуа. Промо-видеото е најава само на дел од содржините, а најшокантен дел од реалното шоу ќе биде токму тој во кој ќе го промени полот, а во план е и документарен филм. Станува збор за еден од најсериозните светски проекти со висока продукција, па затоа Јовановски наскоро ќе оди во изолација. До Нова година се би требало да биде готово и спремно за емитување во повеќе балкански земји и во Турција. Целата приказна ќе ја следи и објавување на музичкиот албум на три јазици – српски, англиски и турски“;  открива соговорникот за Курир.
Од редакцијата на Курир го побарале Јовановски, кој не сакал да открива многу детали.
„Едвај чекам проектот да заживее, осмислен е да трае неколку години. Сигурно после оваа сите оние кои ликот Боки 13 не го сфаќале сериозно ќе увидат дека не биле во право“, рекол шоуменот за Курир. Премиерата на интернационалниот проект ќе биде во Белград, но точниот датум ќе се знае дури кога тој ќе биде реализиран до крај.Познатиот македонски шоумен Боки 13 реши да го промени својот пол и да се преобрази во женско. 

Пронајдете не на следниве мрежи: