Ким Кардашиан секогаш се наоѓа на мета на критичарите поради нејзиниот физички изглед.
Додека некои ја сметаат за совршена, други пак мислат дека нејзините облини се преголеми, а за тоа особено се зборува од кога старлетата е бремена.
Имено, таа прилично се здебелила, а ни таа самата не е задоволна со својата тежина, па во неколку наврати нагласила дека е очајна поради поголемиот број на килограми.
Последната фотографија која ја прикачила на социјалните мрежи е направена на местото каде што секоја вистинска старлета обожува да се слика- пред огледало, а она што може да се забележи е дека користела фотошоп како би го намалила својот труднички стомак, а го зголемила задникот по кој и онака е позната.
Јавноста се згрозила од оваа нејзина постапка, а Ким не се изјаснила дали сакала да изгледа послабо или само се шегувала на своја сметка.
Ким Кардашиан секогаш се наоѓа на мета на критичарите поради нејзиниот физички изглед.