К – 15 ја освоија Австралија

Јунаците од хумористичното шоу К-15 веќе  втора недела се на Австралиското тло и успешно ја продолжуваат својата прва турнеја надвор од границите на Македонија. Популарните Миле Тошо и Цацко насекаде се дочекани со овации како вистински херои, и буквално се издигнати на ниво на богови.  Со  набиена агенда немаат ниту една минута за  одмор но како што велат мотивирани се од приемот и воопшто не чуствуваат замор. Васко Тодоров  (Тошо), Љупчо Бубо Каров  Цацко и Бранко Огњановски (Миле), свечено беа дочекани на Сиднејскиот аеродром и посетата на Австралија  ја започнаа со гостувања во многу македонски клубови, училишта а беа присутни и на многу  прослави и настани од заедницата. Секој сака да се фотографира со нив, да поразговара, едноставно да се доближи до нивните идоли, кои веќе осумнаесет години преку своите скечеви со нивниот уникатен смисол за хумор им ги олеснуваат печалбарските маки на повеќе од стотици  илјади македонци и нивни потомци на Австралиското тло. Ги познаваат сите, и оние постарите иселеници кои дошле пред околу половина век и оние кои се родиле овде во Австралија.И самите помалку затекнати и изненадени од ваквиот топол прием пред нивниот прв настап во Сиднеј изјавија дека ни на крај памет не помислувале дека толку многу Македонци има тука но и дека се многу изненадени  од фактот дека Македонците во Австралија имаат свои организации, свои радио програми, телевизија, пишани и електронски медиуми а најмногу од тоа колку фанови имаат тие овде.

Автограми , фотографии овации од плејада на обожаватели
Ова е нашата прва турнеја, првиот настап во живо, нешто што никогаш не сме го направиле а требаше да го направиме многу одамна. Овде сме  далеку од дома а сепак се чуствуваме како дома меѓу свои луѓе изјави познатиот Бубо.
Имаат време за секого, за секој свој обожавател, за секој оној кој ќе им пријде, достапни се за секого, спонтани и природни нешто што не се случува баш често кога некој доаѓа да гостува на овие простори.
И бидна првиот настап во Петокот на 17ти Мај – неопишана еуфорија во преполнетата сала во Хрватскиот клуб во Сиднеј. Смеа и аплаузи, четири часа без престан членовите на К-15 со висок професионализам со внимание на секој дел од секоја точка, од облека до движење и гестикулираање ја анимираа публиката до после полноќ.
     
Дуо Трио во елемент

Цаци со својот заводлив танц
“Уште, уште, уште” публиката скандираше во раните утрински часови. Досега невиден настап на овие простори не дека немало  обиди и порано од разни групи, театри итн.  Триото К-15 беше мелем на рана за македонецот во туѓина кој ретко се пали на патриотски песни театарски претстави ами сака да се насмее и да се расположи и да заборави на секојдневието .Следниот ден во Мелбурн истата еуфорија како во Сиднеј ама во поголема сала,за Мелбурн е закажано уште едно шоу а потоа следува Перт.
Доблесен потег –
K-15  во посета на основното училиште во Карлтон
 
На својата турнеја во Сиднеј, популарните Цацко Конопишки, Миле Паника и Тошо Малерот  од К-15, најдоа време и ги посетија учениците што го изучуваат македонскиот јазик во основното училиште Карлтон од Сиднеј.  Децата беа радосни зашто можеа да видат познати личности од Македонија, а гостите воодушевено им раскажуваа за македонската традиција , за мајтапите во типичната македонска стредина, за тоа колку време се популарни и како публиката ги прифаќа во Македонија и низ светот. За изучувањето на македонскиот јазик е многу важно негување на македонската култура , традиција, познавање на естрадната ситуација во Македонија и допирот со познатите личности од татковината, затоа директната комуникација со нашите ѕвезди , значи духовна храна за малите учениците од македонско потекло. Не изостанаа заедничките фотографии, кои ќе бидат сведок за оваа пријатна средба на две генерациии, која несомнено ќе остане врежана во нивните пријатни сеќавања.
                                                                                                        Жаклина Михајлова – Учителката
 

Јунаците од К-15 со учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во Австралија

Со најмладите македончиња и учителката Г-ѓа Жаклина Михајлова

К-15 еуфорија
Извор ШилоЈунаците од хумористичното шоу К-15 веќе  втора недела се на Австралиското тло и успешно ја продолжуваат својата

Пронајдете не на следниве мрежи: