Ѕвездата на филмот „Во земјата на крв и мед“ на Анџелина Џоли се враќа во Сараево да работи на претстава за Босна и регионот, изјави Зана Марјановиќ актерката од нејзиниот филм.
– Овој пат станува збор за општествено-ангажирана претстава, којa ќе се занимава со проблемите во Босна и Херцеговина, изјави Марјановиќ.
Таа истакна дека Џоли е соработник на еден од проектите на „Магацин Кабаре“.
– Проектот е во подготовка, а дури следниот месец ќе имаме конкретни информации, кога ќе одржиме прес-конференција, истакна Марјановиќ.
Анџелина беше во Сараево во 2011 година на Филмскиот фестивал, каде ја доби наградата “Почесно срце од Сараево“ , а таму за прв пат беше прикажан и филмот „Во земја на крв и мед“ на кој таа се потпиша како режисер, а зборува за војната во Југославија. Минатата година, Џоли е прогласена и за почесен граѓанин на Сараево.
Ѕвездата на филмот „Во земјата на крв и мед“ на Анџелина Џоли се враќа во Сараево да работи на претстава з