„Империја“ на Есма и Лозано нема да настапи на Евровизија во мај

Македонската радио телевизија, реши да ја повлече „Империја“ на Есма и Лозано, поради бурните и негативни реакции од јавноста. 
Неофицијалните информации велат дека песната „Империја“, од авторите Симеон Атанасов, Дејан Момировски, според текст на Борче Нечовски, во изведба на Есма и Лозано нема да биде изведена во мај, на Евросонг во Малме. Веќе се подготвува нова песна со сменет авторски тим: музика – Дарко Димитров и текст на Лазар Цветковски.Песната „Империја“ и спотот за неа, изработен од продукцијата „Егзит Б“ беше јавно претставена со шоу – програма на МТВ, на 28. февруари. Речиси веднаш реакциите на јавноста беа прилично остри за насловот „Империја“, а особено за спотот, во кој се промовираат објектите од проектот „Скопје 2014“.
Појавувањето на споменикот на Александар Македонски во спотот на „Империја“, исто така предизвика и очекувани реакции од Грција. Македонската радио телевизија, реши да ја повлече „Империја“ на Есма и Лозано, поради бурните и негативни

Пронајдете не на следниве мрежи: