Кардашијан застана во одбрана на својата ќерка Ким

По веста дека е бремена, Ким Кардашијан е мета на многу негативни коментари и изјави, на медиумите и социјалните мрежи. 

Откако на својот Твитер профил објави слика од Нова година, во еден ноќен клуб во американскиот град Лас Вегас, од нејзините “обожаватели“ и беше препорачано дека нема што да бара по ноќните клубови, сега кога е бремена и треба сериозно да размислува за иднината на своето дете. Голем број од коментарите нагласуваат дека таа е навистина неодговорна и дека нема да биде добра мајка и пример за своето дете. 

Овие коментари навистина ја изреволтираа мајката на Ким, Крис Џенет. 

“Ким Кардашијан има 32 години и е бремена, а сите вие кои имате 16 години и по четири деца без татко…и вие сте нашле да зборувате лошо за неа? Ве молам прекинете“, изјави Џенет, на својот Фејсбук профил, како контра рекација за сите лоши коментари наменети за нејзината бремена ќерка.  

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: