Холивудската актерка Ен Хатавеј со ригорозна диета кој вклучувал само овесна каша загубила 11 килограми за улогата во мјузиклот „Клетници“.
„Бев целосно обземена со тоа, идејата беше да изгледам како на посмртна постела“, изјави Ен Хатавеј за магазинот Vogue за подготовката на улогата на проститутката Фантен којашто умира од туберкулоза, лик од класикот на францускиот книжевник Виктор Иго.
Триесетгодишната Хатавеј за декемвриското издание на Vogue вели дека први загубила пет килограми, за да може да го започне снимањето на филмскиот мјузикл, а потоа уште седум килограми, јадејќи само по две порции овесна каша на ден.
„Кога погледнав наназад на целото искуство, беше тоа помалку налудничаво. Бев во судир со стварноста, но и Фантен беше“, вели актерката.
Додава дека по снимањето и’ биле потребни седмици за да се опорави од напорите.
Екстремните промени на телесната тежина, без разлика дали станува збор за дебелење или слабеење, се голема мода во Холивуд. Така Натали Портман загуби 9 килограми за улогата на балерината во „Црнито лебед“ за којашто беше наградена со престижниот Оскар.
Погледнете ги следниве статии
Се омажи актерката Ен Хатавеј
Како би изгледале згодините модели на „Victoria's Secret“ доколку се здебелат?
Фото: Погледнете ја новата убавица на Victoria Secret, Cris Urena
Пронајдете не на следниве мрежи: