Утре ќе се одржи доделувањето на ‘MTV Europe’ музичките награди

Манекенката Хајди Клум ќе биде домаќин на доделувањето на 'MTV Europe' музичките награди, што ќе се одржи на 11 ноември во Франкфурт.Како и секоја година, по “МТВ ВМА“ наградите, следи и доделување на признанија за европскиот пазар. 

 

Овој пат, програмата ќе ја води прекрасната Хајди Клум, која веќе се подготвува за новата улога.

“Ми претставува голема чест што ќе го водам доделувањето на наградите во родната земја. Драго ми е што ќе имам важна улога во еден од најважните музички настани во светот. Одлично ќе се забавуваме“, навела Хајди Клум во официјалното соопштение.

Најмногу номинации на “МТВ ВМА“ оваа година има Ријана, дури шест, додека Тејлор Свифт има една помалку. Џастин Бибер и Кејти Пери имаат по четири номинации, а меѓу потенцијалните добитници се и Ники Минаж и Лејди Гага.

 

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Хајди Клум призна дека е заљубена во својот телохранител и партнер Мартин Кристен.

 

Хајди Клум проговори за својата врска со поранешниот телохранител

 

Бритни Спирс краде од Хајди Клум

 

Пронајдете не на следниве мрежи: