Вработените во јавната администрација наскоро ќе добијат колективен договор со кој ќе бидат регулирани нивните права и обврски. Синдикатот на УПОЗ и Министерството за информатичко општество и администрација денеска се договорија да се формираат работни групи кои ќе почнат преговори за колективниот договор во јавната администрација.
Претседтелот на УПОЗ, Пецо Грујовски и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски по седницата на претседателството на УПОЗ изразија надеж дека ќе дојдат до најдобри решенија за вработените во јавната администрација.
– Ова е прв колективен договор кој ќе се обидеме да го испреговараме и се надевам успешно да го потпишеме, од 1995 година. Со овој договор многу подиректно ќе се регулираат правата и обврските на вработените во јавната администрација, истакна министерот Манчевски.
Претседтелот на УПОЗ рече дека како синдикат ќе бараат во колективниот договор да биде опфатено и прашањето за исплата на К-15 во јавната администрација. Синдикатот на УПОЗ и Министерството за информатичко општество и администрација денеска се договорија да се формираат работни групи кои ќе почнат пр



