По обилните врнежи од дожд, како и сонцето кое предизвика нагло топење на снегот, се зголемија водостоите и предизвикаа излевање на дел од реките. Вардар се излеa кај селото Форино, Гостиварско. Постои опасност од поплавување на куќи, известија од Центарот за управување со кризи. Има излевање и на Црна Река на повеќе места по должината на коритото. Од ЦУК информираат дека побарале од хидроцентралата Вруток да го намали производството на електрична енергија затоа што водите од акумулацијата влијаат на покачување на нивото на водата, по што хидроцентралата го запре целосно производството и се очекува нивото на водата да се намали, пренесе МКД.МК.
Се предупредува на внимателно движење покрај реките и суводолиците низ Македонија. Вардар се излеa кај селото Форино, Гостиварско. Постои опасност од поплавување на куќи, известија од Центарот за управување со кризи. Има излевање



