четврток, 12 ноември 2026
Најново

Укинати забраните за камиони, магла и слаб снег на дел од патиштата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Укинати се забраните за тешки товарни возила што беа воведени на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово-Дебар.Поради појава на магла утринава има намалена видливост од 50 до 60 метри на патот Тетово – Попова Шапка, до 50 метри на патот Делчево – граничен премин Делчево и до 100 метри во Крушево.
Авто мото сојузот на Македонија утринава соопшти дека снег со слаб интензитет провејува во Маврово и на планинскиот превој Стража, а во Гостивар врнежите се од дожд и снег.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози, додека на повисоките планински места во западните и југозападните делови од државата, по интервенцијата на екипите на „Македонија пат“ има остатоци од кашест снег, но тој не е пречка за сообраќајот.Поради појава на магла утринава има намалена видливост од 50 до 60 метри на патот Тетово – Попова Шапка, до 50 метри на патот Делчево –

Поврзани вести