НЕОЧЕКУВАНА ПРОГНОЗА ЗА 1. МАЈ: Какво ќе биде времето?

Многумина ги интересира какво ќе биде времето за 1-ви мај, кој оваа година се паѓа во петок. Луѓето од кај нас, но и од регионот, имаат обичај да го искористат овој ден за да излезат и да се релаксираат во природа.Но, според прогнозите на популарната страница за метеорологија „Vremenska prognoza za HR i BIH svakodnevna“, би можело да има врнежи…
Ви ја пренесуваме прогнозата од оваа страница:
„Во понеделник ќе преовладува суво и стабилно време, а во попладневните часови ќе има наоблачување со дожд во Црна Гора и Албанија.
Навечер и во ноќта во вторник наспроти среда, како и во вторник, ќе има облачно време со дожд кој се очекува во повеќето делови од Балканот. Можни се интензивни врнежи и грмотевици.
И во среда следува променливо време.
Во понеделник и во вторник ќе дува слаб до умерен западен и југозападен ветер, а во среда се очекува поинтензивен ветер во Македонија, Србија и Косово.
Можни се врнежи од снег на повисоките места.
Втор дел од неделата: Во четврток постабилно и сончево време, во петок следува ново наоблачување проследено со дожд и врнежи кои ќе го зафатат Балканот во петок навечер и во ноќта кон сабота. Нѐ очекува дождлива сабота, додека во недела времето ќе биде стабилно и сончево.
Температури: Главно помеѓу 14°C и 24°C.“Но, според прогнозите на популарната страница за метеорологија „Vremenska prognoza za HR i BIH svakodnevna“, би можело да има врнежи…

Пронајдете не на следниве мрежи: