„Слушаме по скопските кулоари дека двата табори во раководната структура на познатиот ПУИК ескалирало до тој степен што морало на последниот Управен да реагира и единицата за брзи интервеции АЛФИ“. Ова е наведено во писмото испратено до редакцијата на Инфомакс.мк, од како што се потпишал, незадоволен член на СДСМ и Шарената револуција, пренесе порталот. Во текстот на писмото испратено до Инфомакс се додава дека во кавгата учествувале кадрите на НСДП, односно директорот и неговиот личен советник, инаку зет на Тито Петковски, кој пак ја вработил својата ќерка како советник во Владата на Р.Македонја, а делат заеднички шофер.
-Од другата страна објаснува анонимниот извор, учествувале кадрите на Заев, поточно таткото на Иванна Хаџиевска (шефица на протокол на Зоран Заев), кој експресно бил унапреден во помошник-генерален директор на ПУИК, како и сопругата на Кире Наумов, Светлана Наумова која исто така била именувана за помошник-директор, пренесува Инфомакс повикувајќи се на својот извор.
Според изворите кои раскажуваат за овој жесток судир, во Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, некогашно ПУИК, семанифестира раскол во СДСМ.
Наводно, дел од членовите на СДСМ вработени таму, се поделени во два табора кои се повикуваат на различни функционери во СДСМ.
Според информациите кои ги објави член на СДСМ во своето писмо, дел од вработените се повикуваат на Кире Наумов чија сопруга е помошник директор. Од другата страна, наводно, се луѓе кои во судирите се повикуваат на шефицата на протокол на Заев, Иванна Хаџиевска, чиј татко беше експресно унапреден. Во текстот на писмото испратено до



