четврток, 12 ноември 2026
Најново

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС во недостаток на реален успех,инвестициите на ВМРО ги претставува како свои

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

СДС лажно ги презентира инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ како свои, велат од партијата.-Владата во недостаток на реален успех и напредок на економски план денеска медиумски се обиди да ја престави германската инвестиција Кеслер, инвестиција донесена од владата на ВМРО-ДПМНЕ како своја. Компанијата Кеслер е најавена и договорена уште на почетокот на минатата година и истата е договорено првин да биде сместена во веќе постоечки објект во Скопје, за подоцна да биде сместена во погони во западниот дел од државата, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата соопштуваат дека поради економскиот неуспех и незнаење на владата Република Македонија го допре економското дно, немањето на јасна стратегија ја воведе државата во рецесија.
Во партиското соопштение се наведува дека колку е катастрофална економската политика на владата се гледа од самиот факт што после 7 месеци власт немаат донесено ниту една сопствена инвестиција, немаат промовирано ниту еден проект или мерка.
-Наместо работа на нови проекти и економски мерки владата врши политички прогон врз неистомисленици, криминалот царува, а рекетот на големо е вратен.Економскиот биланс на државата е катастрофален. Затоа и е присутна потребата од лажна промоција, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.-Владата во недостаток на реален успех и напредок на економски план денеска медиумски се обиди да ја престави германската инвестиција Кеслер, инвес

Поврзани вести