Владата донесе одлука за формирање на Совет за реформа на јавната администрација, а за претседател на Советот е именуван никој друг туку лично Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија и лидер на СДСМ. Заев на овој начин си расчисти терен, си додели функција и со тоа тргна во реализација на неговото ветување дека ќе брка луѓе од работа и на овој начин ќе го реши проблемот со државната администрација.
Скандалозната изјава на Зоран Заев од пред неколку години дека кога СДСМ ќе дојде на власт „ќе јадат живи луѓе“ и дека ќе бркаат „од чистачка до министер“ веќе се остварува.
-Почитувани социјалдемократи, ако ве прашаат што со пренатрупаната државна администрација од ВМРО-ДПМНЕ, да им кажете дека Заев беше во Валандово и рече дека ќе ги бркаме од работа. Тие тоа треба да го знаат. Свесни сме дека ако сакаме да бидеме на власт, треба да влеземе тимски, од хигиеничар до министер во секој ресор во државата и така имаме намера да ја водиме Македонија, рече тогаш Заев.
Заев на овој начин си расчисти терен, си додели функција и со тоа тргна во реализација на неговото ветување дека ќе брка луѓе од работа и на овој н



