Полицијата се обидува да го спречи протестот на ВМРО- ДПМНЕ на Табановце

Продолжува недемократскиот начин на владеење на власта на СДСМ, според нашите информации грубо прекршено е основното право на протест на граѓаните. Имено, како што дознаваме полицијата се обидувала да го спречи протестот и да апси граѓаните кои својот револт го изразија на граничниот премин Табановце, едно лице е приведено.ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека ќе има блокада на граничниот премин, што според законите во Македонија не смее да биде попречено од никого. Во соопштението на партијата се наведе и дека блокада ќе трае од 17 до 18 часот.
А ова покрај преку денешното соопштение беше најавено уште во текот на вчерашниот, на вчерашните блокади на скопските крстосници.
-Доколку нема никаков слух од страна на власта, можно е тие блокади да се радикализираат во аспект на блокирање на гранични премини, на автопати, магистрални патишта низ цела Македонија, кажаа тие.
Ова претставува само уште еден доказ за политичкиот прогон кој СДСМ кон оние кои не размислуваат како моменталната. Имено, никаде во демократските држави, не смее да се попречи правото на протест, а полицијата никако не смее да реагира уште помалку да апси доколку граѓаните својот револт го искажуваат мирно, како што е сега случајот.
Ова е уште еден доказ дека Зоран Заев, Оливер Спасовски и СДСМ си ја користат полицијата за свои партиски цели, притоа грубо прекршувајќи ги основните права на граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ и претходно обвини дека СДСМ институциите си ги претворија во свој партиски сервис.
-Заев и неговата хунта со  тоталитаристички методи се пресметуваат со сите оние кои вистински ја сакаат Македонија. Ги злоупотребуваат институциите и неправедно ги затвараат сите оние кои не се согласуваат со политиките на хунтата, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, доказ за политичкиот прогон, злоупотребата на институциите и судскиот систем е и притворањето на лицата кои се обвинети за настаните од 27 април и тоа со обвинение за тероризам.
Во моментов во затвор поради тоа што скоро три месеци протестираа мирно по улиците во одбрана на Уставот на Република Македонија се светски реномираниот оперски пејач Игор Дурловски, уметникот Борис Дамовски, доајенот на македонското актерство Владо Јовановски, Богдан Илиевски, пратеници од опозицијата и уште многу други граѓани, дел од нив родители на мали дечиња. 
ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека ќе има блокада на граничниот премин, што според законите во Македонија не смее да биде попречено од никого. Во соопш

Пронајдете не на следниве мрежи: