Од ден во ден се множат критиките за загадувањето на воздухот, како и за тоа дека некој на крајот ќе се офајди од калориметрите на радијаторите, кои ги предлага власта. Македонија продолжува да се гуши во смог, нивото на загадувањето претставува опасност по здравјето и животот на граѓаните, но власта не превзема ништо во однос на тоа прашање. Ништо од ветувањето на кандидатите за градоначалници на СДСМ и премиерот Зоран Заев за чист воздух во државата.
Критиките од граѓаните се се` погласни, но сега почнаа да доаѓаат и од провладините перјаници.
-Не поминаа ни два дена, а Владата најави како планира да ја ВЛОШИ ситуацијата со загадувањето: не само што таму не се размислува за ширење на мрежата на парно греење со нудење на нови погодности и поволности и за постоечките и за нови приклучувања, туку се работи на тоа како да се поскапи услугата за парно, за уште повеќе луѓе да се исклучат од таа мрежа и веќе идната зима да ги активираат оџаците и ќунците низ зградите и куќите, пишува провладиниот колумнист Сашо Орданоски во неговата најнова колумна насловена како Ветар и магла.
По најавите дека предлог законот за енергетика предвидува нов трошок за граѓаните, односно дека корисниците на парно греење ќе треба самите, од свој џеб да платат за калориметри, и граѓаните и експертите бурно реагираа. За оваа тема се огласи и Орданоски.
-Според најавите на потпретседателот на Владата Кочо Анѓушев, гледам дека веќе се подготвува шемата за тоа како некој дебело да се „омрси“ од купувањето на калориметрите за парното греење. Оти, ако се плус/минус 50 евра од радијатор, навистина се работи за голема сума на пари – што, на крајот, ќе ја платат граѓаните, ја од свој џеб (можеби, додуше, на рати, преку покачените сметки за парно, што да ти била една голема поволност!), ја преку државниот буџет, односно од „задниот“ џеб на истите тие граѓани, само што така државата ќе има контрола врз тендерите за набавка на калориметрите. Сигурација, пишува Орданоски во колумната.Македонија продолжува да се гуши во смог, нивото на загадувањето претставува опасност по здравјето и животот на граѓаните, но власта не превзема ни



