Молк од Владата, корисниците на парно греење ги очекува екстра трошок од 300 евра

Нема реакција од властите по објавата на ТВ21 дека корисниците на парно греење ги очекува нов трошок, предвиден со предлог-законот за енергетика. Во текстот стои дека  корисниците на парно греење ќе имаат обврска сами, од сопствен џеб, да платат за мерачи кои ќе бидат вградени на радијаторите. Законот ќе предвидува домаќинствата да можат самите да ја регулираат топлината во просторијата, но и да имаат можност просторот кој не се користи да го исклучат од системот. „Постапката за вградување на уредите врз основа на кои се врши локално распределување на топлинската енергија кај новите и постоечките објекти се уредува со правилата за снабдување со топлинска енергија, додека начинот за распределба и пресметка на потрошената топлинска енергија се уредува со Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија. Уредите врз основа на кои се врши локално распределување на топлинската енергија помеѓу различни крајни потрошувачи во еден објект за коишто има еден мерен уред се составен дел од системот за мерење на потрошена топлинска енергија во објектот и се во сопственост на крајните потрошувачи“, се наведува во предлог – законот за енергетика.
Информацијата за новата давачка ја соопшти експертот од областа на енергетиката, Константин Димитров. Според него еден таков мерач за топлинска енергија чини околу 50 евра по радијатор, што занчи доколку во станот имате 6 радијатори ќе треба од домашниот буџет да одвоите 300 евра. Не треба да се биде голем економист за да се заклучи дека ова ќе биде дополнителен удар за ранчливите категории граѓани, со минимални плати.
„Сите корисници треба да вградат мерачи на потрошувачката на топлинска енергија… граѓаните тоа треба сами да си го платат. Тоа е едно значително оптоварување, да може секој дома да види колку има радијатори, грејни тела значи, од прилика по 50  евра за секој радијатор“, изјави Константин Димитров од МАЦЕФ за ТВ 21.
Дополнително, во предлог-законот за енергетика кој владините министри го претставуваат како европски и во корист на граѓаните, не е предвидено да се укине обврската исклучените од системот за парно греење да плаќаат фиксен надоместок, со образложение дека добиваат топлина од нивните соседи. Со ваков проблем се соочуваат околу 15 илјади домаќинства. Сега на потег е владата, дали и овој член од законот ќе го повлече како што направи со можноста да се приватизираат малите хидроелекреани или пак е решена да наметне нова еднократна  давачка  за корисниците на парно греење.„Постапката за вградување на уредите врз основа на кои се врши локално распределување на топлинската енергија кај новите и постоечките објект

Пронајдете не на следниве мрежи: