Доделени стипендиите за најталентирани ученици и спортисти

Градоначалникот Борис Георгиевски, додели 20 стипендии за талентирани спортисти и ученици од основните училишта од општина Гази Баба, за учебната 2017/2018 година.- Драги ученици, ваша работа е да учите, да се надградувате, а наша обврска е да ви направиме квалитетни услови за учење и за одвивање на воспитно – образовниот процес.Со квалитетен воспитно образовен и стручен кадар, со адекватни услови за работа, со мотивирани ученици, доаѓаат и одличните резултати во образованието – се обрати градоначалникот Георгиевски на присутните ученици.Тој напомна дека во тек е изградба на новото основно училиште „Вера Јоциќ“ во Хиподром, а во план е реконструкција на основното училиште „Крсте Мисирков“ во Ченто, изградба на две училишни спортски сали во Хиподром и Стајковци, како и санација на сите основни училишта.На крајот, градоначалникот Георгиевски на сите им ги честита престојните новогодишни и Божиќни празници и им посака многу здравје, среќа и успеси во наредната година.Стипендии за најталентирани спортисти добија учениците:Петар ДавидовскиАна ПејиќБорјан ДавковскиМилијана РељиќЕлеонора МитковскаМерис ЗверотиќЕдон РеџепиНикола ЈордановАнгела ДимитриевскиСтипендии за најталентирани ученици добија:Марија ПетковскаДраган НиколовскиФилип ВелковскиПавел НаневскиСтефан СавиќАнгела ВлинтовскаСара ТошевскаСања ФилиповскаАнтонио ИлиоскиМарија ФилиповаТрингла Емини – Драги ученици, ваша работа е да учите, да се надградувате, а наша обврска е да ви направиме квалитетни услови за учење и за одвивање на воспитно

Пронајдете не на следниве мрежи: