четврток, 12 ноември 2026
Најново

Вработените во македонски железници добија ветување за исплата на октомвриската плата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Машинскиот и извршниот персонал при МЖ Транспорт ад Скопје утрово се сретнаа со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и ресорниот министер Горан Сугарески доби ветување за исплата на вториот дел од октомвриската плата во текот на денот или најдоцна утре, но додека не бидат префрлени парите нема да прекине блокадата на железничкиот сообраќај.Тоа го изјави за МИА Душко Чакаровски, машиновозач во МЖ ад Транспорт по средбата со владините претставници и менаџментот на претпријатието на која се барало решение за исплата на вториот дел од платата за октомври поради која веќе два дена целосно се прекинати желеничкиот товарен и патнички сообраќај.
Возовите ќе тргнат кога ќе бидат исплатени парите, рече Чакаровски пренесувајќи го ставот на вработените.
Како што информира, на средбата им било речено дека засега не може да се гарантира дека до 25 декември ќе се исплати во целост платата за ноември, како што побараа вработените, и за тоа се остава простор да се разговара дополнително.
За исходот од средбата претставниците на машинскиот и извршниот персонал најавија изјава за во 12 часот пред МЖ ад Транспорт.Тоа го изјави за МИА Душко Чакаровски, машиновозач во МЖ ад Транспорт по средбата со владините претставници и менаџментот на претпријатието на која

Поврзани вести