четврток, 12 ноември 2026
Најново

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот Св.Климент Охридски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денес го чествуваме светото дело на големиот просветител Св. Климент Охридски, најголемиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Неговото вонвременско дело, азбуката Кирилица, денес не е само дел од македонското културно наследство, туку е дел од културата на повеќето словенски народи, дел од европските и светските универзални вредности. Неговото дело е цивилизациски придонес во насока на описменување на цели народи, за што вечно се задолжени не само словенските народи и култури, туку Европа и целиот свет, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ние како народ и како држава сме особено горди што од нашето тло отпочна еден просветителски бран кој останал запишан со светли букви во светската културна ризница. Токму ликот и делото на Св. Климент Охридски и неговиот труд и искрената посветеност се вистински пример за тоа како може да се постигне многу и може да се придонесе кон живот базиран на принципи и вредности. Да го следиме Свети Климент и неговото дело кое е огромно и величествено. Патот на меѓусебно почитување и посветена работа, е пат до успех и благосостојба, потенцираат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат нека е вечен неговиот спомен, нека е вечна инспирацијата од неговите дела! Нека ни е честит и вековит големиот празник – Св. Климент Охридски!Неговото вонвременско дело, азбуката Кирилица, денес не е само дел од македонското културно наследство, туку е дел од културата на повеќето словенс

Поврзани вести