Во полицијата во Групчин, синоќа Ќ.Х. пријавил дека на патот за селото Стримница кај местото викано “Ледина“, било пронајдено тело на непознато машко лице на возраст од околу 40 години.Од страна на увидна екипа од СВР-Тетово, во содејство со Јавен Обвинител и лекар од Судска медицина, бил извршен увид на местото на настанот при што било констатирано дека во бездна покрај локалниот пат село Желино-село Стримница имало починато лице.
Од страна на лекар од Судска медицина во Клиничкиот Центар во Тетово бил извршен надворешен преглед врз телото на починатиот, при што не биле пронајдени видливи траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција. Од страна на увидна екипа од СВР-Тетово, во содејство со Јавен Обвинител и лекар од Судска медицина, бил извршен увид на местото на настанот при шт



