Од затворот во Шутка сакаат да го заташкаат скандалот кој се случи во нивни рамки откако фотографија на Митко Чавков се појави во медиуми на СДСМ.Фотографијата е сликана од чуварницата во истражниот затвор, па се заклучува дека истата е направена од некој задолжен за обезбедувањето.
КУРИР побара одговори од затворот за тоа кој е задолжен за обезбедувањето и дали ќе превземат нешто да утврдат вина, но од таму избегнуваат да ни дадат одговор.
Имено, по неколку невозвратени телефонски повици, успеавме да стапиме во контакт и да ги информираме какви прашања сакаме да поставиме. Ни рекоа да почекаме поврзување со лице кое е овластени да зборува со медиуми. По краток молк, вработената во затворот ја замоли новинарката на КУРИР да се јави подоцна за да ни обезбедат одговори.
На следниот телефонски повик одговорот кој го добивме од затворот во Шутка беше:
„Во текот на денот не можеме да ви дадеме никакви информации“.
Кого штити управата на затворот во Шутка? Тоа што денес се случи е класично изживување врз притворените и некој треба да одговара за фотографијата од Чавков објавена во медиум на СДСМ.
Еве на кои прашања на КУРИР не сакаат да дадат одговор од затворот во Шутка:
-Во медиумите се појави фотографија од Митко Чавков направена од чуварницата на истражниот затвор. Кој е задолжен за обезбедувањето?
-Кој бил на смена во моментот кога им било дозвболено на притворените да излезат?
-Дали ќе превземете нешто доколку се утврди одговорност?
-Како фотографијата се најде кај медиуми под контрола на власта?
Скандалозно е што фотографијата на која се тврди дека е Митко Чавков е направена од една од затворските стражарници кои во последниве неколку месеци според информациите на порталот Пресс 24 ги обезбедува посебна полициска единица во склоп на МВР, во полициските кругови позната под кратенката „ПЕП“ или „Посебна единица за поддршка“ кои тука се донесени откако во притвор биле префрлени дел од сега веќе осудените за Диво Насеље.Фотографијата е сликана од чуварницата во истражниот затвор, па се заклучува дека истата е направена од некој задолжен за обезбедувањето.
К