Одбраната ќе поднесе жалби за притворите на осомничените за 27 април

Организиран криминал сите 36 мина ги терети за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок по член 313 од кривичниот закон – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.Од синоќа во истражниот затвор во Шутка, се 13 мина активисти,и јавни личност од граѓанското здружение „За Заедничка Македонија“, меѓу притворените е и поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков, оперскиот пејач Игор Дурловски, како и членот на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Богдан Илиевски, познат во јавноста како колумнист под псевдонимот Бетмен Велит. За шестмина осомничени судија на претходна постапка одреди мерка куќен притвор, меѓу нив е и режисерот Борис Дамовски, како и актерот Владо Јовановски.
Распитот на осомничените синоќа траеше до полноќ, а рано утрово беа комплетирани решенијата по одлуката на судијата. Од 36 осомничени, пред судија на претходна постапка беа изведени 24 ца, дел од нив сами се појавија во судската зграда откако преку медиумите разбраа дека се осомничени од страна на обвинителството за организиран криминал. Се уште е неизвесно како ќе заврши распитот за осомничените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Социјалистичка партија, за кои судот побара од Собранието да им се симне имунитетот па да почне распитот за нив. И покрај тоа, пратениците вчера, откако беа уапсени цел ден го поминаа во Судот.
Јавното обвинителство за организиран криминал, побара мерка притвор за сите, иако правната фела оваа барање го коментираа како голема контрадикторност бидејќи настанот се случи пред 7 месеци, а осомничените ниту ја напуштија државата, ниту пак сметале во предистражната постапка, и покрај фактот што знаеја дека се води истрага за случувањата од 27 април.Организиран криминал сите 36 мина ги терети за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок по член 313 од кривичниот закон.Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста Член 313Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години.Решенијата на судиите на претходна постапка не се правосилни, од синоќа почна да тече рокот од 24 часа за поднесување на жалби по одлуките .Од синоќа во истражниот затвор во Шутка, се 13 мина активисти,и јавни личност од граѓанското здружение „За Заедничка Македонија“, меѓу

Пронајдете не на следниве мрежи: