На протестите на „За заедничка Македонија“ народот се сплоти веејќи македонски знамиња и пеејќи македонски песни.Цели два месеци, секој ден, протестите беа мирни. Се повикуваше на љубов кон Македонија.
Игор Дурловски, светски познатиот оперски пејач, секоја вечер ја пееше громогласно македонската химна поздравувајќи ги огромниот број насобрани граѓани.
Сега Дурловски доби 30 дена притвор. Ваква мерка беше изречена и за уште еден организатор на протестите Богдан Илиевски (Бетмен Велит) кој во своите говори ги повикуваше Македонците да се сплотат.
„Срцата ни чукаат во еден ритам за една и единствена Македонија“. Вака е насловено видеото кое беше објавено на нивната Фејсбук група, каде добиваа постојано огромна поддршка.
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ беше ословувана како „Четврти Илинден“.
Протести имаше во сите градови ширум Македонија.
Лицата кои денес судовите по наредба на Заев се теретат за тероризам, повикуваа на љубов и сплотеност на граѓаните. Ним, според делото, им се заканува казна затвор од минимум 10 години до доживотен затвор.
Цели два месеци, секој ден, протестите беа мирни. Се повикуваше на љубов кон Македонија.
Игор Дурловски, светски



