После само два месеци откако Зоран Заев и СДСМ ја преземаа власта во Република Македонија, беше потпишан штетниот договор со Бугарија, со кој Македонија се согласи на продажба на националните интереси и пишување на својата историја од бугарска страна.Најавено е формирање на заедничка ултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани. Комисијата ќе поднесува едногодишен извештај за својата работа пред владите на договорните страни.
Двете договорни страни ќе организираат со заемна согласност заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, насочени кон зајакнување на добрососедските односи во духот на европските вредности.
Ова значи дека спорните за Бугарија работи од македонската историја ќе бидат отстранети од учебниците, што значи дека учениците нема да имаат можност да учат за националните херои на Македонија, како што се Гоце Делчев, Никола Карев, Јане Сандански, Питу Гули… кои се спорни за бугарската страна.
Владата на СДСМ потпиша договор со кој ќе мора да се сложиме со многу условувања од бугарска страна.
Ана Кочева од Институтот за Бугарски јазик при Бугарската академија на науките, смета дека македонскиот јазик има бугарска историја и деструктуирана книжевна форма од истиот.
На прашање на новинарот ако во учебниците по историја, во средно школо, по факултетите, пишува дека македонскиот јазик е деструктуирана форма на бугарскиот јазик, дали тоа нема да е грешка, таа вели дека се разбира, дека нема да е никаква грешка.
Таа вели дека е прашање на време кога тоа ќе го пишува во учебниците во Македонија.
-Прашање на време е, тоа е прашање на време, а тие луѓе треба да сфатат дека тоа нема на никој начин да ја загрози нивната сувереност. Бугарскиот се зборува во Бугарија и во Македонија, вели Кочева
Кочева вели дека тоа немало да наштети на суверентитетот на Македонија, ако се кажело дека тука се зборува Бугарски.
-На никој начин, особено затоа што таква е историската вистина и благодарение на Договорот за добрососедство ќе имаме можност да влеземе во дијалог за ова со македонските колеги. На ред се средбите со заедничките комисии, изјави Кочева.
И претходно официјални лица од Бугарија како Красимир Каракачанов, Божидар Димитров ги истакнаа бугарските ставови кои не се нови, туку децениски стари, дека македонизмот е измислен во 45-та година, дека македонските револуционери се Бугари, а Илинденското востание е најголемото бугарско востание. Сепак, ова не беше пречка за СДСМ и Заев да побрзаат да го потпишат договорот без воопшто да ја консултираат стручната и пошироката јавност во Македонија, која да напомене сериозно се спротистави на овој договор со Бугарија.
Додека премиерот Заев се обидуваше да ги излаже граѓаните дека овој договор ќе донесе добро за државата, вистината поради која е потпишан договорот во Скопје ја потврди министерот за одбрана на Бугарија, Константин Каракачанов.
Бугарскиот колега на Радмила Шекеринска националистот Красимир Каракачанов, по средба со својата македонска колешка, среде Скопје да ги нагласи иреденстистички ставови и уште еднаш да нагласи дека Бугарија го сфаќа добрососедството во контекст на сонот за санстефанска Бугарија. Старите скопјани се едни од првите бугарски борци и бунтовници кои барале бугарска богослужба и бугарски училишта, убеден е лидерот на националистичката ВМРО-БНД Красимир Каракачанов.
Утрото на 2 Август пред да положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во изјава за бугарската телевизија Нова, Каракачанов изјави дека „104 години Македонија е одделена од бугарската култура“ иако „Скопје е првиот град во бугарските земји во кој започнуваат бунтовите против грчката црква со барање/желба за создавање на бугарска црква“.
– Се наоѓаме во град Скопје, тоа е првиот град во бугарските земји во кој започнуваат бунтовите против грчката црква со барање/желба за создавање на бугарска црква. Градот Скопје е првиот град во кој локалното бугарско население се дига на бунт против грчкиот владика и бара во црквите да се служи на бугарски јазик, да има бугарски училишта, ова е во првата четвртина на 19 век. Така што, историјата е јасна, кој сака да ја прочита ќе ја научи, кој не сака – нема да ја научи никогаш.
-Македонија веќе 104 години е одделена по секој начин од бугарската култура, од бугарското образование, затоа што после 1912 година кога Србите почнуваат да владеат со овој дел од Македонија, сите бугарски училишта се затворени, сите бугарски цркви се затворени, бугарските владици и свештеници се прогонети во Бугарија или се убиени, вели Каракачанов.
Каракачанов кажа дека е и Илинденското востание, она кое што оваа година заеднички го прославија Зоран Заев и Бојко Борисов, е најголемото бугарско востание.
-Ова е најголемото бугарско востание во долгото петвековно турско ропство. Најдолгото и најдобро организирано, беше оцената на Красимир Каракачанов за востанието, еден од најгласните бугарски политичари за тезата за непостоење на македонскиот народ.
Чекор понатака отиде директорот на Националниот историски музеј на Бугарија, Божидар Димитров, историчар и политичар познат по своите антимакедонски ставови, кој изјави дека Илинденското – преображенско востани од историски аспект е несомнено бугарско и одговара на тешкото прашање: „Каков народ живее во Македонија“.
-Повеќе од јасно е оти предците на сите овие јунаци, кои сега управуваат со Скопје и изјавуваат дека немаат ништо заедничко со бугарскиот народ, јасно е дека дедовците им биле Бугари. Во бројните документи кои ги оставиле, тоа е едно бугарско востание, кое секогаш ќе остане како аргумент за нашите права не само врз востанието, туку и врз цела Македонија, рече Димитров минатата година во интервју за агенцијата „Фокус“ посветено на Илинденското востание.
Според донеодамнешниот директор на Националниот историски музеј од Софија, токму договорот меѓу Македонија и Бугарија му пресудил на ВМРО-ДПМНЕ како негов остар критикувач. Тој очекувал партијата да освои 70-80 проценти од гласовите и е многу изненаден што владеачката СДСМ освои апсолутно мнозинство.
-Тоа покажува дека таканаречените Македонци му поверуваа на господинот Заев и оти зближувањето со Бугарија наиде на поддршка кај населението во Македонија, што е многу радосно за нас. Ова значи дека со измислувањето и со туркањето со насилство и со безброј фалсификати на политичката идеја на македонизмот е завршено. И започнува неговото бавно или побрзо демонтирање. Искрено, не очекував да го доживеам тој момент, изјави Димитров.
Инаку, потврда дека Заев не го интересира македонската историја и македонските национални прашања, се покажа уште при неговата прва посета на Бугарија, неполн еден месец откако дојде на власт. Тогаш премиерот на Македонија, во Софија се поклони пред споменикот на „бугарскиот“ Цар Самоил
Навистина зачудувачки за многу од граѓаните е што договорот беше поддржан дури и од Синодот на Македонската православна црква. Граѓаните јавно прашуваат дали последното барање на МПЦ до БПЦ е можеби дел од штетниот договор кој Заев го потпиша со Борисов.
Со писмо од Светиот синод на Македонската православна црква- Охридска архиепископија (ОА) испратено до Бугарската православна црква (БПЦ) , МПЦ од БПЦ бара таа да биде нивна црвка- мајка.
Писмото што Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (ОА) го испратил до Бугарската православна црква (БПЦ) во кое бара таа да биде нивна црква-мајка ако ја признаат афтокефалноста на МПЦ-ОА, е обид да се дојде до автокефалност, на поинаков начин отколку што се праваше досега, смета верскиот аналитичар Бранко Ѓорѓевски.
Тој е скептик дека бугарските владици ќе решат да ја признаат автокефалноста на МПЦ, бидејќи, како што објаснува, тоа може да отвори проблем со останатите православни цркви, поради договорот да има целосен консензус меѓу нив при признавање на нова црква, но и поради спорот со Српската православна црква (СПЦ).
МПЦ, потсетува Ѓорѓевски, досега преговараше со СПЦ бидејќи ставот на сите православни цркви беше дека ние мора да преговараме со нив за да се реши тој црковен спор во кој СПЦ ни нудеше само автономија во нејзиниот состав, а ние сакавме да имаме полна автокефалност.
Ова што сега се прави, вели Ѓорѓевски, е обид СПЦ веќе да не биде главен партнер во преговорите, туку да се вмешаат и други православни цркви при што конкретно БПЦ би не признала како автокефална. Смета дека македонските владици сакаат да ја искористат и позитивната клима меѓу Македонија и Бугарија што е настаната со потпишувањето на Договорот за добрососедство и во тоа да се вклучи и црковното прашање.
Според него, ако бугарските владици ја признаат македонската автокефалност тоа ќе отвори бранувања меѓу православните цркви заради тоа што тие си постигнаа договор со којшто за признавањето на самостојноста на некоја нова црква треба консензус на сите 14 православни цркви во светот.
– Ако БПЦ ја признае автокефалноста ќе отвори проблем со другите православни цркви. Од друга страна ако БПЦ го направи ова ќе отвори проблем со СПЦ, но и Руската православна црква која најмногу инсистираше на постигнувањето консензус околу признавањето на нови автокефалности. Руската црква водеше битка со Вселенската патријаршија никој своеволно да неможе да признава автокефалност на нови цркви, туку тоа мора сите заедно да го направат. Ако Руската црква не се спротивстави на потегот на Бугарската тогаш ќе отвори можност некоја друга православна црква, конкретно Вселенската патријаршија да ја признае автокефалноста на непризнаената украинска православна црква, вели Ѓорѓевски.
Затоа, додава, јас сум скептик дека бугарските владици ќе решат да ја признаат автокефаноста, но можеби ќе се решат на некој поголем степен на меѓусебните односи, на пример заедничко сослужување на свештениците, како што своевремено имаше еден предлог меѓу српските и македонските преговарачи, после преговорите во Калишта кај Струга, но што потоа беше отфрлено од Српскиот синод.
Владиката Наум и митрополит струмички во интервју за бугарската телевизија БТВ рече дека се отвора нова страница во прашањето за црковниот статус на МПЦ-ОА и оти автокефалноста на МПЦ-ОА не е призната од политички причини.
– БПЦ има шанса со самото признавање на МПЦ-ОА да стане мајка на МПЦ-ОА. Тоа е ретка историска шанса, која БПЦ не треба да ја пропушти, рече владиката Наум
Тој нагласи дека Македонија и Бугарија имаат заедничка религиозна историја. – Ние сме биле дел од Бугарска Егзархија. Луѓето тогаш (кон крајот на 19. век и во почетокот на 20. век) биле разделени меѓу Егзархијата и Цариградска патријаршија, но повеќето биле егзархисти“, изјави владиката Наум.
рече дека со писмото до Бугарската црква на тој начин отворајќи една нова страница во прашањето за црковниот статус на МПЦ-ОА.
-Испративме писмо до Светиот синод на БПЦ со барање да се дискутира прашањето за признавањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од Бугарската православна црква. Чекаме одговор од бугарскиот Синод. БПЦ има шанса со самото признавање на МПЦ да стане црква мајка на МПЦ. Тоа е ретка историска шанса што БПЦ не треба да ја пропушти “, категоричен е митрополитот Наум.
Светиот синод на МПЦ – ПА го испратил писмото до БПЦ на 9 овој месец по редовна седница на МПЦ-ОА во Скопје на која било едногласно одлучено да се упатат одредени предлози и барања до сестринската црква.
– Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе ја препознае и признае Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија како Мајка Црква, која прва ја прифаќа и признава нејзината автокефалност, истата ја обзнанува и актуелизира, претставува и се застапува за неа пред Вселенската патријаршија и пред другите помесни цркви, се нагласува во писмото.
Синодот од Скопје бара од БПЦ да воспостави „евхаристичко единство со возобновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската православна црква“.
Со евентуалното потпишување меѓу двете цркви, се бара воспоставување единство меѓу двете епископии што ќе биде основа за „евхаристичко единство и со епископиите од останатите помесни православни цркви“.
Најавено е формирање на заедничка ултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за о



