Со СДС на власт и Зоран Заев на чело на владата државата доживува целосно економско фијаско. За 6 месеци ниту изградија ниту почнаа било каков проект. За каков одржлив развој зборува Заев кога за 6 месеци ја задолжи државата за над 600 милиони евра, а за наредната година планира задолжување од речиси една милијарда евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.-Од друга страна фалбите за укинување на радиодифузната такса и евтината струја се лажни бидејќи само со зголемувањето на акцизата за нафта владата ќе му одземе на секое семејство по една просечна плата годишно, а на македонските превозници цели 11 милиони евра секоја година. Нема никаква добивка за граѓаните. Од друга страна Заев ветуваше зголемување на просечната плата на 500 евра, а во реалноста таа се намалува, нема ниту плата од 1.500 евра плата за докторите, земјоделците се измамени со пониски субвенции, а пензионерите останаа без покачувањето на пензиите, стои во реакцијата и се додава:
„СДС и Заев едно зборуваше пред доаѓањето на власт, а сосема друго откако се добра на власт. Пред изборите шпекулираше и измислуваше бројка од 600 илјади наводно иселени млади луѓе, сега јавно го прашуваме колку од нив се вратија по доаѓањето на власт на СДС и зошто го нема животот кој го ветуваше? Градежништвото има страшен пад, нема нови странски директни инвестиции, а капиталните проекти се стопирани. Зоран Заев ја мултиплицира сиромаштијата, економијата стагнира, а единствено што се зголемува се парите за патните трошоци на пратениците, и црните бизниси на хунтата на власт“.-Од друга страна фалбите за укинување на радиодифузната такса и евтината струја се лажни бидејќи само со зголемувањето на акцизата за нафта владата