Ги терал да метат дворови зошто не биле за СДСМ

Порталот Денешен објавува дека до нивната редакција пристигнале сведоштва на вработени од општината Ѓорче Петров кои по наредба на градоначалникот на СДСМ Александар Наумовски биле терани да метат дворови на училиштата и градинките во општината.Порталот Денешен објавува дека до нивната редакција пристигнале сведоштва на вработени од општината Ѓорче Петров кои по наредба на градоначалникот на СДСМ Александар Наумовски биле терани да метат дворови на училиштата и градинките во општината.
Индикативно е што сите кои биле принудени на оваа акција биле луѓе, како што пишува порталот, за кои било оценето дека не се поддржувачи на СДСМ и не гласале за Александар Нумовски. Инспектори, советници пред пензија, раководители кои се на тие позиции со години, обични вработени им биле доделени метли со цел да чистат смет. Згора на тоа биле фотографирани од новопечените вработени како ја вршат оваа работа.
-Имам над 15 години стаж. Немам јас ништо против работа, секоја работа е за почит, но ова е деградирање на човечката личност, на подмолен начин да се врши мобинг, вели еден од принудените на работа.
Дел веднаш биле прераспределени во месната заедница Волково, како казна затоа што било проценето дека не гласале за СДСМ.
Друг пример за мобинг бил во Гази Баба каде најчест гостин во кабинетот на градоначалникот Борче Горгиевски бил токму Фиат Цановски за кого упатените велат реално управува со општината.
Порталот пишува дека тие договарале парцели за проширување на бизнисите на Цановски, а градоначалникот Горгиевски само немо одобрувал бидејќи во Гази Баба се вели дека еден од најголемите финансиери е токму Цановски.
Наместо работа и Горгиевски започнал да се занимава со вработените. Се заканувал дека во канцелариите каде се сместени луѓето што не гласале за СДСМ ќе им врши дезинсекција, па дури потоа ќе се сместат нововработените.Порталот Денешен објавува дека до нивната редакција пристигнале сведоштва на вработени од општината Ѓорче Петров кои по наредба на градоначалникот

Пронајдете не на следниве мрежи: