Македонија се гуши во се позагадениот воздух, а владата на СДС се уште нема излезено со мерки против загадувањето. Зарем треба луѓе да умираат за да излезат со конкретни мерки, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.– Веќе 6 месеци СДС ветува, но нема ништо превземено за да се намали загадувањето на воздухот во Република Македонија. Целокупната одговорност и сите институции кои треба да реагираат се во рацете на СДС. Потребни се мерки веднаш. Стоп за популизмот, и лажните ветувања. Во прашање е здравјето на илјадници граѓани. Наместо евтин популизам и декларативни заложби потребно е итно дејствување. Пред се владата, но и Шилегов и останатите градоначалници на СДС наместо парадариње треба да си ги засукаат ракавите и да почнат да превземаат мерки за почист воздух. Граѓаните очекуваат резултати. Загадувањето неколкупати ги надминува дозволените граници. Параметрите покажуваат дека ПМ10 честичките во Скопје надминуваат 200 микрограми на еден кубен метар воздух, а најкритично е во Лисиче каде ПМ честичките надминаа 350 микрограми на кубен метар. Подеднакво како во Скопје алармантно е и во Тетово, Битола и Куманово, истакнуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека поради загадениот воздух нарушена е здравствената состојба на лицата со хронични заболувања, а болниците се полнат со граѓани кои имаат зголемени респираторни проблеми.
– СДС во текот на изборната кампања на граѓаните им ветуваше подобрување на животната средина и почист воздух. Но веднаш по изборите се покажа дека тоа беше уште една нивна лага и манипулација за собирање на повеќе гласови. СДС покажа дека не се грижи ниту за животната средина ниту за граѓаните на Република Македонија. Граѓаните се уверија дека СДС не си стои на зборот и не ги исполнува дадените ветувања. Тоа за жал се плаќа со нарушено здравје на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.– Веќе 6 месеци СДС ветува, но нема ништо превземено за да се намали загадувањето на воздухот во Република Македонија. Целокупната одговорнос