Делев: Заев и СДСМ ги измамија граѓаните

Зоран Заев и СДСМ ги измамија граѓаните, пред да дојдат на власт ветуваа пониски трошоци за нафта за граѓаните, и дополнително зелена нафта за земјоделците, а токму сега ќе ја зголемуваат нејзината цена за скоро 4 денари. Едно прават кога се во опозиција, а чим се доберат до власт сосема друго, истакнува Христијан Делев.-Прво,  на 27 август 2012-та година на прес конференција Социјалдемократскиот сојуз побара од владата на ВМРО-ДПМНЕ да се намали акцизата на горивата. Цитирам “бараме владата итно да ја преполови акцизата за нафтени деривати со што ќе се поевтинат бензините за 10 до 12 денари“.  Денес, ноември 2017-та година кога Социјадеморкатскиот сојуз ја има апсолутната власт во државата, најавува дека наместо намалување, граѓаните ќе плаќаат фиксно скоро 4 денари повисока цена на нафта по литар. Второ, на земјоделците лично Заев лажно им ветуваше зелена поефтина нафта. Тој во декември 2016та година објави-„Ќе воведеме поевтина  зелена нафта односно нафта која за половина ќе ги намали трошоците на земјоделците“. Не само што нема поевтина зелена нафта туку тој ќе им ја зголеми цената на нафта по 4 денари што значи земјоделците ќе останат извисени, истакна Делев.
Тој додаде дела ова се две лажни ветувања на СДСМ кои денес излегуваат на површина.
-Зголемувањето на цената на нафтата непосредно ќе се одрази на стандардот на граѓаните, особено на земјоделците. Се работи за масовно зголемување на вредноста на производ кој е неопходен и од која зависи секое домаинство. Препораките на владата дека требало да користат помалку автомобили ако сакале да заштедат само ја потврдува одлепеноста на СДС од реалните потреби на граѓанинот.  СДС ги излажа граѓаните. Покачувањето на цената на нафтените деривати претставува грабеж на владата на Заев на обичните граѓани кои ќе го понесат товарот на неодговорносто и раскалашено владеење. СДС е само 6 месеци на власт а не реализираа ниту еден проект за општо добро, единствено што направија е зголемување на трошоците на живот. Доколку СДС сака да обезбеди пари во буџетот потребно е финансирање на развојни проекти и капитални инвестиции кои за жал повеќе ги нема, истакна тој.
-Прво,  на 27 август 2012-та година на прес конференција Социјалдемократскиот сојуз побара од владата на ВМРО-ДПМНЕ да се намали акцизата на г

Пронајдете не на следниве мрежи: