Премиерот Зоран Заев после изборите најави дека ќе забрзано ќе се оди кон решавање на спорот со името на Македонија и Грција. Иако во многу наврати премиерот најавуваше дека токму граѓаните се оние кои што на референдум ќе го имаат последниот збор за промената на името, вицепремиерот Бујар Османи тоа го демантираше.-И јас ви гарантирам дека доколку продолжиме да ги реализираме реформите со оваа динамика, да го затвориме прашањето на името, ќе добиеме уште поголема поддршка од граѓаните, бидејќи граѓаните бараат Македонија во НАТО и во ЕУ, изјави Османи.
На прашањето дали решението на спорот ќе оди на референдум, вицепремиерот во Владата на Заев кажа дека овие избори биле референдум.
-На овие избори ние го најавивме решавањето на името. Зар не беа референдум овие избори? Граѓаните ни ја дадоа пораката, вие сте храбри, имате јасна визија каде треба да ја водите државата во наредните години, изјави Османи.
Претходно попродуктивни разговори за името по завршувањето на локалните избори беа најавувани и од грчка страна. Пратеникот на грчаката опозициска партија Нова демократија, задолжен за надворешна политика, Јоргос Кумуцакос, коментирајќи ги резултатите од првиот круг од локалните избори во Македонија, Кумуцакос во интервју за АНА-МПА, изјави дека победата на СДСМ во првиот круг претставува позитивен тек на настаните и можност за натамошно подобрување на односите меѓу двете земји. Грчкиот пратеник изрази задоволство што во Македонија се подобрува атмосферата за решавање на спорот со името.
-Самиот факт што националистот Никола Груевски загуби на локалните избори е позитивен тек на развојот на настаните. Сега во Скопје имаме многу посигурни и попродуктивни соговорници во однос на прашањето за името, изјави Кумуцакос.
Дел од аналитичарите предупредуваат дека Македонија мора да биде претпазлива во тој процес, некои пак сметаат дека за името не треба воопшто да се преговара.
Официјална Атина преку шефот на дипломатијата Коѕијас во неколку наврати најави дека на почетокот на ноември ќе стартува со работа мешовитата комисија што ќе ја чисти историјата од иредентизам, информација која беше демантирана од нашите власти.-И јас ви гарантирам дека доколку продолжиме да ги реализираме реформите со оваа динамика, да го затвориме прашањето на името, ќе добиеме уште пого