Милион ипол евра за шарените и невладините во предизборието

Околу 94.827.136 денари или 1.541.905 евра, државни пари беа префрлени на сметките на невладините организации од 7-ми август до денес.На самиот финиш од предизборната кампања, за промоција на политиките на социјалдемократите, само за еден ден, на 26.10.2017 година, невладините зедоа речиси половина милион евра од државниот буџет кој сите ние го полниме.

Покрај парите на фондацијата Сорос, кои изнесуваат околу 4 до 5 милиони евра годишно, невладините се финансирани и од страна на државата во сличен износ, меѓутоа, тие (НВО) бараат уште поголема државна помош, а од Владата одговорија дека ќе има „плодна година“.
-Финансирањето на граѓанските организации, вкупно по сите основи од државниот буџет, е на ниво од четири до пет милиони евра годишно, што е исто колку што дава и фондацијата СОРОС… Мора да се зголеми државното финансирање, за да нема повеќе обвинувања дека невладините се поддржани од странство, бидејќи тие всушност треба да се финансираат од државниот буџет, вклучувајќи ги и критички настроените, изјави Александар Кржаловски од МЦМС.
Со изјава и Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски.
-Да се надеваме дека ќе имаме многу успешна буџетска година која ќе ни дозволи тие средства да се покачат, вели Рашковски.
За почеток на владеењето на СДСМ невладините се опарија 10 пати повеќе
Наместо вложувања и реализација на капитални проекти и добра кои ќе обезбедат повеќекратни сегашни и идни користи, парите на и онака аномаличниот буџет ќе продолжат да се трошат на шарени револуционери, невладини организации и на останати непродуктивни проекти.
Колку за споредба, невладините, од државниот буџет, примија 10 пати повеќе пари од вкупната вредност на сите префрлени субвенции на приватни претпријатија за периодот од 7ми август до денес.

Непродуктивните трошења продолжуваат и по други основи. За стоки и услуги, во погоре опфатениот интервал (07.08. -27.10. годинава) новата Влада потроши повеќе од 125 милиони евра. Државата нема пари за покачување на пензии, за градење на автопати, болници, училишта, итн., но има за ангажирање на шарени активисти и за партизирање на невладиниот сектор.
Македонија беше единствената земја каде што можеше бесплатно да си купиш боја, и плус, ако претходно ги оштетуваше државните објекти, сега ќе си земаш пари од државата.
 
На самиот финиш од предизборната кампања, за промоција на политиките на социјалдемократите, само за еден ден, на 26.10.2017 година, невладините зед

Пронајдете не на следниве мрежи: