Во Македонија 450.000 жители живеат во ризик од сиромаштија.Само 10 насто од нив се вработени, и тоа во неформалниот сектор, и живеат со помалку од 6.500 денари месечно. Надлежните институции најавија редефинирање на постојната регулатива, и нови системски решенија за намалување на сиромаштијата во земјава.
Универзитетската јавност нуди решение за проблемот со сиромаштијата. Сепак, се предупредува дека е потребна синхронизирана акција на сите чинители во општеството.
Според податоците на Обединетите нации, во светот над 2 милијарди луѓе живеат во сиромаштија.
Сето ова, како што вели професорката Маја Геровска Митева, укажува на потребата од редефинирање на мерките на социјалната заштита и комбинирање со други мерки за помош на лицата кои живеат во ризик од сиромаштија, што како што истакна има за цел и одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против сиромаштија 17 октомври.
– Домаќинствата со три и повеќе деца имаат највисок степен на сиромаштија, односно 52 проценти од нив живеат во ризик од сиромаштија. Од друга страна, основниот инструмент кој е насочен кон оваа категорија лица, а тоа е социјалната парична помош, не се зголемува со бројот на деца доколку имаат повеќе од три. Затоа е потребно интервентно редефинирање на таа мерка, рече Геровска Митев на одбележувањето на овој ден што се одржа на Институтот за социјална работа и социјална политика.
Како една од мерките кои можат да ги подобрат состојбите, смета таа е висината на основицата за социјална парична помош да биде поврзана со висината на минималната плата, но процентот да варира зависно од бројот на членови на семејството, но и комибирање на права од социјална заштита и други права.
– Споредбените искуства покажуваат дека секаде системот на социјална заштита е поврзан со други права, како право на поддршка во домувањето, право на олеснување на трошоците во образованието итн. Тоа значи отворање или интегрирање на системот за социјална заштита со други мерки што заедно ќе помогне на оваа категорија граѓани за излез од ризикот, вели таа.
Според неа, потребни се и дополнителни начини за мерење на сиромаштијата во Македонија. Во моментов официјалниот метод за мерење на сиромаштијата се приходите. Во минатото, односно до 2010 официјален бил расходниот пристап.
– Напуштањето на расходниот и мерењето само на приходниот пристап е проблем бидејќи и оние коишто заработуваат, најмногу, но и оние коишто соработуваат најмалку не секогаш реално ја пријавуваат висината на приходите. Затоа потребно комбинирање на овие два пристапи, рече Геровска Митов.Само 10 насто од нив се вработени, и тоа во неформалниот сектор, и живеат со помалку од 6.500 денари месечно. Надлежните институции најавија редефи