Откако Јавното обвинителство се изјаснило дека нема кривично дело за инцидентот кој се случи во неделата вечерта, кога претседателот на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, беше со нож нападнат, од партијата решија да излезат денеска на протест пред Обвинителството. Тие велат дека токму ГРОМ беше првата партија која што ги осуди настаните на 27 април и бараше правна разрешница за сите актери во тој настан, а дека сега гледаат како се штитат криминалци.-Ние сме сведоци дека за време на изборниот ден, кога се уште се броеја резултатите, дека нашиот штаб беше грубо нападнат од активисти на Социјалдемократскиот Сојуз. Верувале или не истите досега не се повикани на разговор, кога истите извадија лисици, потоа извадија нож скакавец, кои се обидоа физички да се пресметаат со наши колеги, вербално не навредуваа и не напаѓаа, се закануваа со убиство и можете да замислите вечерта Обвинителството се изјаснило дека тука нема кривично дело, изјави Јакимовски.
Тој праша и дали за ова е именувам обвинител, ја повика новата обвинителка да се бори за правната држава.
-Промената на обвинителот на значи заштита на криминалците, особено оние кои што ни ги трујат нашите деца во Општина Карпош и кои што разнесуваат, трафикуваат дрога и кои што се затворски повратници. Само сакаме да кажеме, затоа ли ги пуштивте пред месец и пол, да доаѓаат, да не колат по улиците и да можат полесно да разнесуваат дрога, изјави Јакимовски.
Тој порача дека од прогон кон овие луѓе нема да се откажат, дека ќе бидат запознаени сите меѓународни институции.
-Уште повеќе што ова се случи на изборниот ден кога се уште се броеја резултатите, кога на 48 проценти изброени гласови, ние чесно го признавме поразот и го честитавме изборот на новиот градоначалник на Општина Карпош. Сметаме дека е крајно некоректно од Социјалдемократскиот Сојуз, од режимот и од Обвинителство, да штити вакви луге и да ја загрозува правната сигурност, на граѓаните на Општина Карпош. Затоа ли бараа власт, за да не колат по улиците, праша Јакимовски.
Јакимовски пред Јавното обвинителство порача да знаат дека тие нема овде да застанат, дека ќе борат како опозиција и понатаму против нив и против сите девијантни појави кои тие ги воспоставуваат во Република Македонија.
-Македонија не може да биде коњ на кој што Мурто ќе се симне, а Кутро ќе се качи. Тие бараа власт за да биде подобро во Македонија. Ваквата правна несигурност кај граѓаните на Република Македонија, кај граѓаните на Општина Карпош, кај мирните граѓани на Општина Карпош, апсолутно не оди во правец на воспоставување на правна држава во Република Македонија, изјави Јакимовски.-Ние сме сведоци дека за време на изборниот ден, кога се уште се броеја резултатите, дека нашиот штаб беше грубо нападнат од активисти на Социјалде