Новоизбраната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ денеска ќе положи свечена заклетва, со што официјално ќе ја преземе претседателската функција.На церемонијата на инаугурација на Грабар-Китаровиќ, што ќе се оджри на плоштадот „Св. Марко“ во Загреб, ќе присуствуваат голем број странски официјални претставници, меѓу кои и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.
Според протоколот на инаугурацијата, првата жена претседател на Хрватска, по полагањето заклетва и преземањето на претседателската лента, ќе му оддаде почит на хрватското знаме и ќе им се обрати на присутните.
На инаугурацијата е најавено присуство на 88 странски делегации, предводени од девет шефови на држави, четворица претседатели на парламенти, еден премиер и од поголем број министри или амбасадори.
Покрај Иванив, на инаугурацијата ќе присуствуваат и претседателите на Косово, Атифете Јахјага, на Словачка, Андреј Киска, на Словенија, Борут Пахор, на Украина, Петро Порошенко и на Унгарија, Јанош Адер, како и членовите на Претседателството на БиХ и српскиот премиер Александар Вучиќ.На церемонијата на инаугурација на Грабар-Китаровиќ, што ќе се оджри на плоштадот „Св. Марко“ во Загреб, ќе присуствуваат голем број ст