Две лица загинаа денеска при уривање на спортски авион на аеродромот Ечка, во близина на српскиот град Зрењанин.Портпаролот на полицијата во Зрењанин, Валерија Чањи, соопшти дека според досега познатите информации, во несреќата загинале две лица, додавајќи дека точниот број на загинати и причините за падот на авионот ќе бидат познати по завршување на увидот што е во тек.
– На местото на настанот е излезен обвинител и кога увидот ќе биде заврешен, тој ќе издаде официјално соопштение со прецизни податоци, нагласи Чањи.
Белградските медиуми информираат дека на спортскиот аеродром Ечка, каде има и авиошкола, околу 12:30 часот се урнал двомоторен авион од типот „Цесна 310“. Според овие информации, во леталото се ноѓале инструктор и курсист.Портпаролот на полицијата во Зрењанин, Валерија Чањи, соопшти дека според досега познатите информации, во несреќата загинале две лица, додавајќи де